Македонија  и Скопје се домаќини на речиси 450. натпреварувачи од 14 земји на екипното Европско првенство- трета лига.

Ова е голем собир на атлетичари од Европа, Македонија ќе има 24 натпреварувачи, Дрита Ислами и Дарио Ивановски ветуваат добри резултати, посакуваат да паднат национални рекорди, и останатите наши претставници во репрезентацијата мотивирано го очекуваат почетокот на шампионатот.

Натпреварите ќе се одржат на арената „Тодор Проески“ .На дводневната програма ќе бидат застапени сите атлетски дисциплини,покрај  Македонија ќе учествуваат атлетичари од Албанија, Андора, Азербејџан, Ерменија, БиХ, Гибралтар, Сан Марино, Исланд, Косово, Лихтенштајн, Молдавија, Црна Гора и од Србија.