Легендарниот олимписки шампион Кенениса Бекеле имаше  кам-бек од соништата на маратонот во Берлин на кој победи и го запиша второто најдобро време во светот. Етиопјанецот за две секунди беше побавен од рекордот на Елиуд Кипчоге кој го постави во Берлин минатата година.

Бекеле  некаде на 30 километри заостануваше речиси една минута во однос на лидерот Бирхану Легесе. Во следните 12 километри Легесе почна да заостанува, а Бекеле го зголемуваше темпото, ја стопи разликата и во финишот го претекна ривалот за победа.

Легесе заврши втор со време 2:02.48 часа.