Легендарниот британски атлетичар Себастијан Коу смета дека влијанието на Усеин Болт после неговите достигнувања на игрите во Лондон 2012.година, беше идентично како она што го имач Мухамед Али.

Коу беше еден од главните виновници што Олимписките игри во 2012 година се одржаа во Британската престолнина.

„ Сметам дека Болт го достигна врвот во Лондон. На таа Олимпијада ги потврди сите свои претходни рекорди и го зацементира своето име како најдобриот атлетичар на сите времиња. Тој е Али во атлетиката“- изјави Коу.

Јамајканецот на Олимпијадата во Лондон ги освои златните одличја на 100 и 200 метри, како и на штафетата 4×100 метри.