Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски е позитивен на Ковид-19 и поради ова нема да може да настапи на престојното Европско првенство во сала, кое ќе се одржи во Полска од 4 до 7 март.

„И официјално на престојно ЕП во сала кое ќе се одржи оваа недела во Торун, Полска, нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски НЕМА ДА НАСТАПИ. Да му посакаме многу здравје, брзи и лесно подносливи денови во ова светско КОВИД лудило кое удри и кај нашиот неприкосновен шампион. Се гледаме напролет на новите предизвици.“ – напиша на фејсбук тренерот на Ивановски, Игор Јакимовски.

Ивановски со победата на митингот во Белград на 1500 метри опбезбеди норма за настап на ова ЕП,а воедно постави и нов државен рекорд.

Македонија на ЕП во Полска ќе ја претставува само Јован Стојоски.