Популарната Авицена Женска трка, ќе се одржи на 6 септември во Скопје. Организацијата е на Сојузот на Спортови на Скопје и А.К Работнички а поддржана е од Градот Скопје.

Поради Ковид-19 пандемијата, ќе биде одреден и специјален протокол за заштита а одобрен од Комизијата за заразни болеси.

Подигнувањето на стартните броеви на учесничките ќе биде во петок, 4-ти септември, пред А1 куглана во СЦ „Борис Трајковски од 12:00 до 18:00 часот и во сабота, 5-ти септември од 10:00 до 18:00 часот. Ограничениот број на учеснички ќе мораат да го почитуваат специјалниот протокол и правилата во него.

На секоја учесничка ќе и биде направен термален скрининг, а носењето на маска е задолжително. Исто така, задолжително е држење на дистанца од 1,5 метри, без групирања додека се одржува трката, а на повеќе места ќе има поставени и задолжителни средства за дезинфекција на раце.

Стартот е пред главниот влез на Арената Борис Трајковски.