Атлетичарката Дрита Ислами (АК Работнички) учествуваше на 30-ти Универзитетски Игри кои се одржаа во Наполи (Италија), каде постави нов државен рекорд во дисциплината 400 метри со пречки.

Ислами најпрво во квалификациите истрча 59.96 секунди со што се пласира во полуфиналето на оваа натпреварување каде и го истрча новиот рекорд со резултат од 59.20 секунди.

Претходниот рекорд исто така беше во сопственост на Дрита Ислами и изнесуваше 59.33 секунди поставен во 2017 година.