Двојната европска шампионка на 800 метри, Украинката Наталија Крол, привремено е суспендирана поради користење допинг.

Крол, чие моминско презиме е Пришчепа, освои златни медали на 800 метри во Амстердам 2016 и во Берлин 2018 година. Во двата случаја таа победи пред Французинката Ренела Ламоте, која жестоко реагираше на оваа вест,

„Измамници ни ги крадат животите. Ова е одвратно. Влегуваат во целта со подигнати раце иако знаат дека медалите освоени со помош на допинг се безвредни“, напиша Ламоте.