Речиси 500. натпреварувачи од 14 земји утре и задутре ќе настапат на екипното Европско првенство- трета лига во Скопје.

Ова е голем собир на атлетичари од Европа, Македонија ќе има 24 натпреварувачи, Дрита Ислами и Дарио Ивановски ветуваат добри резултати, посакуваат да паднат национални рекорди.

„Моја примарна дисциплина  е 400 метри со пречки, ќе направам се да го срушам националниот рекорд кој е во моја сопственост“ – изјави Ислами на денешната прес конференција.

Втор голем адут на Македонија е Дарио Ивановски кој ќе настапи на 1500 и 3000 метри, се надева на добар резултат на првенството.

„Сакам да го соборам државниот рекорд во дисциплините во кои ќе настапам, не се важни противниците, доколку бидам најдобар што можам се надевам на добар пласман“ изјави Ивановски.

 

Натпреварите ќе се одржат на арената „Тодор Проески“ в сабота и недела, влезот е слободен,