Организаторите на светското атлетско првенство во Доха се соочуваат со револт на голем дел од атлетичарките на Мундијалот, особено од Германија.

Со цел да да има поголем визуелен ефект при директните преноси, камери се поставени на стартните позиции, ефекетот е револт кај атлетичарките кои сметаат дека се снимаат нивни интимни делови.

Одговорните за продукција на преносите имаат друга констатација, камерите се поставени на стартните позиции за да имс е доближи акцијата на навивачите, се вели во објаснувањето.

Сепак, најголемиот дел од атлетичарките се незадоволни, ние сме во оскудна спортска опрема, непријатно е кога камерите снимаат интимни делови од вашето тело, тоа е неприфатливо, е рекацијата на натпреварувачките од Германија.