Оваа е трета година по ред кога „Skopje Run 10K“ успева во својата клучна цел, да
го промовира спортот и спортувањето во Скопје и Македонија. Околу 2.000 тркачи
излегоа ова прекрасно утро на бул. Илинден во Скопје.
Во машката категорија прв заврши Дарио Ивановски со 31:07
минути, втор беше Милош Ранчиќ со 33:44 минути, трет беше Атанас Анчевски со
33:49 минути.
Од женските прва беше Теодора Симовиќ со 34:59 минути, второто
место го зеде Андријана Поп Арсова со 37:02 минути и на третото место заврши
Билјана Кираџиева со 37:59 минути.
Дарио Ивановски заедно со Андријана Поп Арсова срушија два државни рекорди.
Ивановски го надмина машкиот државен рекорд во 10 километри на улична трка,
додека Поп Арсова го урна женскиот државен рекорд во иста категорија.
Од штафетната трка најдобри беа „Game On“ со 36:34 минути, по нив „NRC-
NIKE+RUN CLUB“ со 37:55 минути и трети завршија „3P DEVELOPMENT“ со 38:01
минути.
Во нејзин склоп оваа година се организираше и хуманитарна акција за донации
насловена „засади воздух“ каде од продадените „dry-fit“ маици се одделуваат
средства за садници кои тимот на  „Skopje Run 10K“ и Град Скопје ќе ги засадат на
погодна локација.
Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и
Атлетски клуб Работнички.