Македонскиот атлетски национален тим кој ќе не претставува викендов на Европското тимско првенство  го имаше својот прв заеднички тренинг .

Тимот на Македонија  брои 24 атлетичари кои очекуваат поддршка  од трибините на арената „Тоше Проески“  на  10 и 11 август.

Фаворити за висок пласман се  Кокан Ајановски, Дарио Ивановски во машка и Матеја Ефремовска и Дрита Ислами во женска конкуренција.

Ова ќе биде собир на  кој  учество ќе земат 430 атлетичари од 14 земји.