Британецот Мо Фарах и Холанѓанката Сифан Хасан поставија нови светски рекорди во планетарната атлетика со своите настапи во Дијамантската лига во Брисел.

Фарах го надмина остварувањето на Хајле Гебреселасие со 21 333 метри додека Хасан кај дамите се истакна со нов рекорд надминувајќи го резултатот на Дире Туне со претрчани 21 285 метри.

Ова се резултати во трката од еден час, која не е олимписка дисциплина.