Агнес Тироп од Кенија била пронајдена мртва со неколку убоди од нож, јавуваат медиумите од оваа земја.

Атлетската федерација на Кенија потврди дека Тироп е пронајдена со убодни рани во нејзината куќа, и дека нејзиниот сопруг е осомничен за убиството.

Тироп (25 год) беше една од најдобрите атлетичарки на 10.000 метри, пред  еден месец, таа постави светски рекорд на десет километри, а освои бронзен медал на светското првенство во Лондон во 2017 година и пред две години во Доха.

Во Токио, го освои четвртото место на Олимписките игри, малку деностасуваше, а беа во прашање стотинки.