Украинецот Серхиј Шевченко кај мажите и албанкската атлетиларка Луиза Гега во женска конкуренција се победници на овогодинешниот „Скопски маратон“.

Шевченко мина прв низ целта во машка конкуренција поставувајќи личен рекорд со време од 2;22:49 часа.

Второпласиран целта ја мина најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, кој воедно победи на државното првенство во маратон, со време од 2:31:16 часа. Третото место му припадна на српскиот маратонец, Кристијан Тошиќ, кој патеката ја мина со време од 2:39:37 часа

Кај дамите најбрза беше албанската атлетичарка, Луиза Гега, со време од 2:35:34 часа, додека во полумаратонската трка во женска конкуренција победи нашата Миљана Ристиќ со време 1:26:31 часа. Кај мажите пак на оваа дистанца најдобар беше македонскиот атлетичар Атанас Анчевски, со време од 1.14.09 часа.