Атлетичарката Шели Ен Фрејзер Прајс стана втората најбрза жена на сите времиња откако на атлетскиот собир во Кингстон пред претстојните Олимписки игри во Токио, истрча 100 метри за 10,63 секунди.

Двократната олимписка шампионка вели дека е изненадена од сопствената брзина.

„Искрено никогаш не очекував дека ќе трчам 10,6 и мислам дека беше добро бидејќи немаше притисок. Немам зборови бидејќи овој резултат беше сон, цел. Работев напорно и бев трпелива за конечно да се случи.“ – изјавила Фрејзер Прајс по трката.

Претходниот најдобар резултат од 10,7 секунди го остварила пред девет години.

Светскиот рекорд се уште го држи починатата спринтерка од САД, Флоренс Грифит Џојнер со време од 10,49 секунди, поставено во Индијанополис во 1988 година.