Првиот атлетски медал во историјата го освои Порторико на Олимписките игри во Токио, односно спортистката од оваа земја, Јасмин Камачо-Квин.

Оваа девојка, која е родена во Чарлстон, Јужна Каролина, доминираше во финалето на трката на 100 метри со пречки, со истрчано време од 12,37 секунди, што беше доволно за убедлив триумф.

Еден ден претходно Јасмин го урна олимпискиот рекорд во полуфиналето со одлични 12,26. Кендра Харисон од САД беше втора, имаше 15 стотинки зад победничката, додека Меган Тапер од Јамајка заврши на третото место со време од 12,55 секунди.