Претседателот на Интернационалната атлетска федерација, Себастијан Коу и покрај критиките за организаторите за СП во Доха, на завршната церемонија изјави дека Катар ги исполни нивните очекување.

„Ова беше најдобротo Светско првенство досега. Нашиот спорт е во прилично добра форма. Многу е важно што атлетиката се раздвижува низ светот. Ние не може да ги гледаме политичките услови“ – вели Коу.

Ова СП пред се беше на удар поради слабата посетеност. Во голем дел случаи, светските шампиони се радуваа пред празни трибини. Дел од атлетичарите имаа забелешки и на распоредот на дисциплините.

Сепак и ова првенство не остана без спортисти кои одбележуваат еден ваков настан. Највпечатлива е Алисон Феликс кој го урна рекордот на Јусеин Болт според бројот на златни медали на светските првенства. Со титулите на 4 пати по 400 метри во мешаната и во женската штафета на САД таа додје до 13 медал. И сето ова само 11 месеци по раѓањето на детето.

По раѓањето на синот се врати и неверојатната Јамајканка, Шели-Ен Фрејзер-Прајс која го освои петтиот златен медал на светските првенства. Далила Мухамад го подобри сопствениот светски рекорд на 400 метри со пречки, а Дина Ашер-Смит стана првата Британка кој освоила три медали на големо атлетско натпреварување.