Легендарниот атлетичар Мо Фарах, најави враќање за Летните Олимписки игри во Токио, на трките на 5.000 и 10.000 метри од кои се повлече минатата година како би бил што поподготвен за маратонот.

Фарах на 5. и 10. километри доминираше низ изминативе години, а во Токио ќе се обиде да се закити со уште едно златно одличје во овие дисциплини, што бу било трето.

„Решив идната година да се вратам на тартанот. Многу сум возбуден што ќе трчам на 10 километри. Се надевам дека не сум ја загубил брзината. Ќе трениран напорно, па ќе видам што можам да направам. Најважната вест е дека ќе трчам на 10 километри во Токио“, рече Фарах.

Британецот до првите две злата стигна на игрите во Лондон во 2012, а истите ги  ги одбрани во Рио де Жанеиро во 2016 година.