Меѓународниот олимписки комитет на вчерашната седница на Управниот одбор донесе одлука дека нема пречки, ниту стравувања, и дека Олимписките игри во Токио ќе се одржат во закажаниот термин, од 24 јули до 9 август.

Паниката од епидемијата на коронавирусот во Кина одложи многу спортски натпреварувања, меѓу другите и СП во атлетика во сала, па се стравуваше дека загрозени се и Олимписките игри во Токио.

Но, челниците на МОК заклучија дека јапонските власти ја контролираат ситуацијата и дека имаат капацитет да се справат со проблемите, па затоа е решено да нема одложување на Игрите.

Оваа одлука е резултат на бројните состаноци на луѓето од МОК, челниците на Токио 2020, раководството на градот Токио, владата на Јапонија и на Светската здравствена организација.