Ниту еден руски атлетичар ќе нема право да настапи на светската сцена доколку,Атлетската федерација на Русија (RusAF)  не ја плати казната од 6.3 милиони долари која и ја изрече  Меѓународниот атлетски сојуз (WA) поради кршење на антидопинг правилата.

Откако Светската антидопинг агенција (WADA)  пронајде докази за организиран допинг меѓу руските атлетичари, RusAF е под суспензија од 2015 година, и оттогаш руските атлетичари кои ќе докажат дека не биле дел од системот кој поттикнувал користење недозволени средства смеат да настапуваат како неутрални спортисти.

Доколку руската страна до средината на август не ја плати изречената казна, тогаш меѓународната сцена ќе биде целосно затворена за сите руски атлетичари, дури и за оние кои имаат докази дека не се допингувале.