Олимпискиот херои на Етиопија Хајле Гебреселасие и Фејис Лилес се подготвени да застанат во првите борбени редови во граѓанската војна во оваа земја.

Изјавите на двете спортски легенди доаѓаат откако премиерот на Етиопија Абиј Ахмед кажа дека е подготвен сам да ги предводи луѓето во војна. Добитникот на Нобеловата награда за мир, го направи токму и тоа што го најави.

Борбите во Етиопија станаа поголеми последниве неколку дена. Бунтовниците од регионот Тиграј наведуваат дека напредуваат кон престолнината Адис Абеба, а повеќегодишните немири доведоа во оваа земја до хуманитарни катастрофи. Повеќе илјади луѓе се убиени, а милиони се избркани од своите домови.

„Подготвен сум  да нправа што и да се побара од мене, вклучувајќи од одење во првите борбени редови“- изјавил Хајле Гебреселасие.

Тој е обожаван во својата земја и оваа негова изјава, која ја пренесе тамошната државна телевизија, а низ светските медиуми се толкува како обид да се засили поддршка кај јавноста во напорните кои во конфликтот ги вложува државата.

Слична изјава дојде и од Фејис Лилес, кој наведува дека инспирацијата ја добива од своите своите корена и дека ќе направи се за да ја спаси својата држава .