Атлетската федерација на Македонија со соопштение информира за меѓународните натпревари кои се одложени поради пандемијата од коронавирусот.

Одржувањето на Европското првенство во Париз е под знак на прашање, европската (ЕА) и светската (ИААФ) атлетска федерација донесоа важни одлуки во однос на календарот, соопштението ви го пренесуваме во целост:

Во изминатите недели сведоци сме на брзо ширење на пандемијата од вирусот Covid-19 во Европски и Светски рамки , кое го засега нашето секојдневно функционирање како и функционирањето на спортот , со оглед на секојдневните препораки од Светската здравствена организација , здравствените организации во склоп на Светската и Европската атлетска федерација , и по одржаните состаноци на ЕА и ИААФ донесени се следните одлуки со кои се одложуваат или презакажуваат настани од календарот на ЕА и ИААФ :

1. Олимписки игри – Токио / Јапонија , предвидени за 24ти Јули до 9ти Август 2020 година се презакажуваат за 2021 година .
2. Светско првенство за Младинци – Наероби / Кенија , предвидено за 07 – 12 Јули 2020 година , се откажува . Во периодот што следува ќе биде одреден нов термин за ова првенство .
3. Европски куп на 10 000 метри – во 2020 година нема да се одржи и се презакажува за 2021 година , во Лондон / Велика Британија . Датумот дополнително ќе биде утврден.
4. Европско првенство во планинско трчање – во 2020 година нема да се одржи и истото се одложува за 3ти Јули 2021 година во Кинфаел , Португалија .
5. Европското првенство за Млади Младинци , се откажува . Во периодот што следува ќе биде одреден нов термин или истото нема да се одржи .
6. Европско првенство за Сениори – предвидено да се одржи на 25 – 30 Август 2020 година во Париз, Франција , во договор помеѓу ЕА и ЛОК на ЕП Парис 2020 одлучено е подготовките за организација на првенство да продолжат по планираното , со тоа ќе се обидат да го продолжат натпреварувачкиот дух во оваа сезона преку ова најголемо натпреварување во Европа , но засега не постои гаранција дека Париз, Франција успешно ќе се справат со последиците од Пандемијата .

Со оглед на настанатата ситуација ЕА ќе продолжи да информира за промените и одлуките во календарот , следен состанок на извршниот одбор на ЕА е закажан за 7ми и 8ми Мај 2020 година , по кој ќе излезат со ново соопштение.