Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски кој неодамна постави нов државен рекорд на 15—метри реагираше откако доби 600 евра ваучер од Агенцијата за млади и спорт, по што следуваше промена на сумата.

Ивановски реши да реагира на социјалната мрежа Фејсбук за добиените 38 000 денари. На ова следуваше промена на списокот и износот па од АМС на Ивановски му е доделена шанса да се бори за 188 000 денари.

Ивановски сега треба да најде компанија која ќе му го реализира ваучерот.