Германецот Јоханес Фетер вечерва на атлетскиот минтинг во полскиот град Хорзов го фрли копјето на далечина од 97.76 метри, што е втор најдобар резултат во историјата на оваа дисциплина.

Светскиот првак од 2017 година и бронзен од минатогодишното Светско првенство во Хорзов дојде на помалку од еден метар од фантастичниот светски рекорд на легендарниот Јан Железни, кој во мај 1996 година го фрли копјето на се уште недостижни 98.48 метри.

ТРетиот најдобар резултат на сите времиња го држи сонародникот на Фетер, Томас 93.90 метри.