Четирикратниот Олимписки шампион Мо Фарах, не успеа да обезбеди норма за пласман на игрите во Токио кои започнуваат следниот месец.

Мо Фарах на трката на 10.000 метри во Манчестер, која беше последна пред ОИ не успеа да обезбеди норма за Токио.

Нормата за Токио беше 27 минути и 27 секунди, Мо Фарах истрча 20 секунди послабо, трката ја заврши со време 27:47.04.