Daily Mail има шокантна информација – Олимписките Игри во Токио ќе бидат без присуство на публиката.

МОК е во постојана врска со Светската здравствена организација и постојано ја следат ситуацијата со епидемијата на коронавирусот.

Колку и да е непопуларна оваа мерка, според овој извор, таа ќе донесе милионска добивка за МОК, бидејќи ќе бидат потпишани бројни договори за телевизиско пренесување на олимписките збиднувања.

Според пресметките на МОК, ова решение е подобро од селењето на ЛОИ во друг град или за одложување на Игрите.

Во Јапонија до овој момент се регистрирани дури 862 случаи на заболени од коронавирусот.

Летниое Олимписки игри ќе се одржат од 24 јули до 9 август во Токио.