Skopje Run 10K е трка која ќе се одржи трета година по ред и му дава можност на сите тркачи и рекреативци да спортуваат и да се натпреваруваат. Во нејзин склоп се трката од 10км и штафетната трка од 5км х 2 кои ќе започнат во 09.00 часот во недела, од пред фонтана Лотус во Градски парк во Скопје.

Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички кои велат дека се целосно подготвени за одличната атмосфера која ѝ претстои на Скопје.

„Ако во минатото беше реткост да се трча, денес, е сосема нормално, а спортувањето станува култура на живеење во нашата држава, особено во нашиот град. Трката на 10 километри има рекреативен, но и натпреварувачки карактер и дава јасна порака до сите граѓани за потребата од физичка активност.“, истакна Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.