Американката Далаја Мухамад со време на нов светски рекорд 52,16 секунди го оство златото  на 400 метри со пречки на светското првенство во Доха.

Мухамад  за само три месеци повторно  го подобри најдобриот светски резултат.

Второто место го освои сонародничката Синди Меклафлин, додека бронзата и припадна на Рашел Клејтон од Јамајка.