Единствениот македонски претставни на светското атлетско првенство во Доха, Јован Стојоски, денеска се појави во квалификациските трки на 400 метри. Нашиот атлетичар оствари време од 47.92 секунди, доволно само за 38. место во конкуренција на 41 атлетичар, колку што учествуваа во квалификациите.

Стојоски не успеа да ги оствари своите амбиции, а тоа беше да го подобри својот личен рекорд кој беше за 1 секунда подобар од времето кое го постигна денеска.

Во својата квалификациска група, Стојоски го освои последното 7. место. Инаку, најдобро време во квалификациите на 400 метри имаше Кирани Џејмс од Гранада, кој патеката ја истрча со време 44.94 секунди.