Српската атлетичарка Ивана Шпановиќ која имаше скршеница на петата не мирува, со патерица започна да тренира, не сака да биде на пауза.

Објавена е фотографија во медиумите во Србија, Шпановиќ на тренинг со патерица и апарат за потпора на скочен зглоб.

Има големо срце, коментираат нејзините пријатели, Шпановиќ е репрезентативка на Србија, член на Олимпискиот тим на својата земја.

„Плановите се менуваат, но приоритетот останува ист“  – изјави Шпановиќ.