Јован Стојоски ќе трча на финалната трка на Европското првенство во аттлетика на 400 метри кое се одржува во Шведска за натпреварувачи до 23 години.

Атлетичарот на АК Охрид  со време 47.02 обезбеди финале, заврши како трет во првата група на полуфиналните натпревари. За Стојоски и Македонија ова е  прво историско финале на Европските првенства во атлетика. Тој денеска ќе настапи во финалето околу 18-30 часот.