Единствениот претставник на Македонија во атлетските дисциплини на ЛОИ во Токио, Јован Стојоски го освои 38 место на трката на 400 метри остварувајќи личен рекорд.

Стојоски целта во четвртата квалификациска трка ја мина со време од 46,81 секунда со што го подобри својот личен рекорд.

Тој се натпреваруваше во конкуренција на 48 натпреварувачи и оствари добар резултат со оглед на очекувањата и најавите пред настапот на игрите.