Американската штафета на 4×400 мешано, го собори светскиот рекорд со време 3:09,34 во состав Вилберт Лондон, Алисон Феликс, Кортни Около и Мајкл Чери.

Јамајка го освои второто место и сребрениот медал, до бронзата стигна репрезентацијата на Бахреин која е големо изненадување на Мундијалот.