Најдобрата српска атлетичарка Ивана Шпановиќ доживеа тешка повреда за време на настапот во Берлин, поради што најверојатно ќе го пропушти Светското првенство.

Шпановиќ по скок во шестата серија, со солзи и силна болка го напуштила стадионот. Нејзиниот тренер Горан Обрадовиќ потврдил дека станува збор за тешка повреда.

“Ивана ја повреди задната ложа на десната нога и тоа најверојатно значи дека нема да настапи на Светското во Доха кое се одржува за еден месец. По враќањето во Србија ќе ги направиме сите прегледи и снимања и ќе знаеме повеќе за повредата.” – изјавил Обрадовиќ.