Олимписката атлетска легенда Усеин Болт е позитивен на корона вирус, јавија попладнево светските медиуми, повикувајќи на информацијата објавена од националното радио на Јамајка.

Според истиот извор, светскиот рекордер на 100 и 200 метри се тестирал на КОВИД 19 минатата седмица, а во неделата бил известен од здравствените власти во Јамајка дека неговиот тест е позитивен.

Радиото јави дека Болт ќе мине две недели во домашна самоизолација.

Болт, најверојатно, се заразил на  забавата која ја организирал по повод својот 34 роденеден, на која никој не ги почитувал епидемиолошките мерки.

На забавата имало бројни познати личности од светот на спортот меѓу кои и напаѓачите на Манчестер Сити и Баер Леверкузен, Рахем Стерлинг и Леон Бејли

Од коронавирусот во Јамајка досега според здравствените властизаболеле 1500 луѓе, а 15 од нив починале.