По првиот ден на Европското тимско првенство, трета лига кое се одржува во Скопје, нашата атлетска репрезентација се наоѓа не шестото место со 141,50 поени.

Најдобар во машка конкуренција од нашиот тим е Јован Стојоски. Тој победи на трката на 100 метри остварувајки личен рекорд од 10.73 секунди. Тој беше одличен и на трката на 400 метри откако го освои третото место со време од 46,94 секунди. Ова е негово најдобро време и нов држан рекорд на Македонија до 23 години.

Кај дамите, Дрита Ислами беше најдобра на трката на 400 метри со пречки, победи со време од 1:00:81минути а победи на трката на 400 метри откако делницата ја истрча за 56:72 секунди.

Денеска на програмата е вториот натпреварувачки ден, во генералниот пласман води Србија со 230 поени пред Исланд кој има 222 поени. Трети се атлетичарите од БиХ кои досега собраа 206 поени.