Уганѓанецот Џошуа Чептегеј постави нов светски рекорд на 5.000 метри на митингот од атлетската Дијамантска лига во Монте Карло.

Чептегеј го урна речиси 16 години стариот рекорд кој го држеше Кенис Бекеле од Етиопија за речиси две секунди.

Младиот, 22 – годишен, атлетичар од Уганда истрча 5.000 метри за 12:35:36 минути, што е за 1:99 секунди побрзо од стариот рекорд кој го постави Бекеле на 31 мај 2004 година.