Атлетичарот Браима Дабо засекогаш ќе остане запамтен за потегот во квалификациите на 5000 метри на светското првенство во Доха.

Џонатан Басби не се чуствуваше добро во финишот на трката, во последниот круг подзастана, Браима му помогна да ја заврши трката, цел стадион аплаудираше за потегот, трката двајцата ја завршија со пет минути задоцнување зад победникот, но тие се веќе победници на Мундијалот.

Интересно е тоа што тие се единствените спортисти на своите земји, Браима е од Аруба, Бабси од Гвинеа Бисао.