Шведската атлетичарка Анџелик Бенгстон при скокот со стап на светското првенство во Доха доживеа незгода, откако стапот и се скрши. Бенгстон имаше среќа бидејќи стапот пукна штом се обидуваше да се одрази од земјата и падот поради тоа беше „поблаг“.

Сите гледачи беа шокирани, додека судиите не и дадоја помош. Иако изгледаат танко стаповите во оваа дисциплина се направени од посебен издржлив матерјал и вакви незгоди ретко се гледаат на атлетските терени.