Стадионот „Калифа“ во Доха е домаќин на светското првество во Атлетика, започнува вечерва и ќе трае до првиот викенд во октомври.

Моќно изгледа стадионот „Калифа“ каде ќе се одржуваат натпреварите, изграден е во 1976 година, реновиран во 2017 година, капацитетот е 40.000 седишта.

Во склоп на стадионот има 64 луксузни ВИП апартмани за спонзорите и компаниите кои можад да си дозволат престој.

Вкупно 6.000 паркинг места се на располагање за посетителите на натпреварите, и дополнителни 2.300 места за автобусите.

Мундијалот во Доха е осиромашен со неучеството на Болт, но со сигурност ќе донесе многу изнеандувања и рекорди кои ги посакува публиката.