Кениската атлетичарка Брижит Косгеј маратонот во Чикаго го истрча за 2 часа, 14 минути и 4 секунди и го собори 16 години стариот рекорд.

Претходно, овој рекорд го држеше Британката Пола Ретклиф, која во 2003 година во Лондон претрча 42.195 метри за два часа, 15 минути и 25 секунди.

Само ден откако нејзиниот сонародник Кипчоге стана првиот човек кој истрча маратон за помалку од два часа, во историјата на атлетиката се запиша и Косгеј.