Елиуд Кипчоге испиша нова историја, атлетичарот од Кенија ја сруши псхилошката бариера од 2 часа за мартон и денеска во Виена постави време од 1 час 59 минути и 40 секунди. На тој начин 34-годишниот Кениец успеа во својата цел, откако пред две години во Монца „задоцни“ за само 25 секунди.

 

Времето на Кипчоге, сепак, нема да се води како нов светски рекорд, зашто нема да го признае ИААФ, но тој успеа да направи успех, кој се смета за еден од најголемите во атлетиката и спортот.