Нашиот главен град од 10 до 11 август ќе биде домаќин на Европското Тимско првенство „Скопје 2019“.

Учество ќе земат натпреварувачи од 13 земји: Атлетска Асоцијација на Мали Земји од Европа, Албанија, Андора, Азербејџан, Ерменија, Босна и Херцеговина, Исланд, Косово, Молдавија, Црна Гора, Србија и Македонија.

Предвидени се натпревари во 25 атлетски дисциплини а влезот на Националната Арена „Тодор Проески“ ќе биде слободен.