Канаѓанецот Андре Де Грас ги победи Американците и го запиша својот петти олимписки медал на големите атлетски натпреварувања, а прв на Олимписки игри со златен сјај.

Де Грас досега освојуваше сребро и бронза, но сега во Токио стигна до злато и тоа со време 19:62 а ги победи Американците Кенет Беднарек и Ноа Лајлс.

За Андре Де Грас ова е втор медал во Токио, тој на трката на 100 метри го освои бронзениот медал.