Јован Стојоски го освои шестото место во финалето на 400 метри на  Европското првенство во атлетика за натпреварувачи до 23 години кое се одржува во Шведска.

Стојоски е прв македонски атлетичар кој обезбедил пласман во финалето на континетален собир, денеска го собори личниот рекорд со време 47.01 за шесто место на Европското првенство.

Јован Стојоски оствари историски успех за Македонската атлетика!

Македонскиот репрезентативец Јован Стојоски (АК Охрид), денес во финалето на трката на 400 метри го освои 6-то место на Европското првенство под 23 години кое се одржува во Гавле, Шведска. Стојоски во финалето успеа да го подобри времето од полуфиналната трка за 1 стотинка, неговиот резултат во финалето изнесуваше 47.01 секунда. Првото место му припадна на Саиди Фабрисио (Франција) со време од 45.79, втор беше Калмерс Камерун (Велика Британија) со време од 45.92, додека бронзениот медал му припадна на Лопез Брајан (Италија) со време од 46.16.Стојоски во Гавле настапи и во дисциплината 200 метри, но не успеа да ги помине квалификациите, постигнувајќи време од 21.64 секунди.Честитки за Стојоски, и му посакуваме успех и во предстојните натпревари за Македонската репрезентација.https://www.european-athletics.org/competitions/european-athletics-u23-championships/2019/athletics/event/mens-400m/index.html?v=20190713-174808907

Gepostet von Атлетска Федерација на Македонија am Samstag, 13. Juli 2019