Норвежанецот Карстен Вархолм со резултат на нов светски рекорд освои злато на олимпискиот атлетски турнир во Токио, на 400 метри со пречки истрча спектакуларно и го подобри рекордот за цели 76 стотинки!

Вархолм е првиот човек кој успеа да ја истрча за помалку од 46 секунди, светски рекорд сега изнесува 45.94 секунди, што е подобрување за 76 стотинки од претходниот кој исто така беше во негова сопственост од Осло оваа година.

Второто место го освои Рај Бенџамин од САД, истрча 46.17, Бразилецот, Алисон дос Санто со рекорд на Јужна Америка, 46.72 обезбеди бронза на оваа спектакуларна трка на 400 метри со пречки на ЛОИ во Токио.