Возачот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон, триумфираше на трката за Големата награда на Велика Британија која се вози во рамките на Формула 1 шампионатот.

Хамилтон денес пред своите навивачи на патеката „Силверстоун“ ја запиша седмата победа сезонава, а вкупно 80. во кариерата.

Второто место го освои неговиот клупски колега, Валтери Ботас, додека трет на подиумот се искачи пилотот на Ферари, Шарл Леклер.

Големата награда на Велика Британија, покрај победата на Хамилтон, ја одбележа и инцидентот во кој Себастијан Фетел од патеката го исфрли пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен.

Следната трка од Ф1 шмапионот е за ГН за Германија на 28 јули.