Шпанскиот моторциклист Алекс Маркез е новиот светски првак во Мото2, откако на претпоследната трка годинава за Големата награда на Малезија заврши на 2.место и математички ја обезбеди титулата.

Алекс Маркез на денешната трка заврши позади Брада Биндер со кого беше во трка за шампионската титула во оваа класа. Ова за него е втора титула, по титулата пред три години во категоријата до 125 кубици.

Неговиот постар брат Марк има 8. од кои 5. се во „кралската“ класа, а годинава титулата ја обезбеди минатата трка.