Шпанскиот пилот Фернандо Алонсо, во изјава  за „Ел Конфиденсијал“, го откри името на неговиот наследник. Според Шпанецот, најголеми сличности на себе гледа во холандскиот пилот Макс Верстапен.

„Очигледно е тешко да се најде најдобриот, но сакам да ги гледам трките на Макс Верстапен. Секогаш е „целосен напад“, кога е во напад, па дури и обидот за негово претекнување е невозможен. Ова е нешто што го сакаат фановите на Формула 1, затоа ми се допаѓа. Мислам дека таков бев и јас кога имав победнички автомобил“, рече Алонсо.

Алонсо во својата кариера три пати беше светски шампион во Ф1 и важи за еден од најдобрите пилоти во последните две децении.