Американскиот Формула 1 тим Хас, го ангажираше Никита Мазепин за следната сезона, за Русинот тоа ќе биде деби во Ф1.
Никита е син на рускиот богаташ Дмитриј Мазепин, тој има само 21 година ќе и се приклучи на екипата во 2021 година.
Дмитриј Мазепин е сопственик на руската компанија Уралхем, тој имаше обид во минатото да ја купи Форс Индија пред екипата да отиде во стечај во 2018 година.
Никита Мазепин се натпреварува во Формула 2 каде во моментов е на третото место.
Comments are closed for this post.